Париската полиција се судри со демонстранти во предградие на Париз, а причината е смртта на 18-годишно момче.

Тинејџерот, Сабри Чуби, загина во сообраќајна несреќа во текот на викендот, а граѓаните ја обвинуваат полицијата за неговата смрт. Од друга страна, полицијата во неколку наврати негираше учество во несреќата, тврдејќи дека полициското возило не го гонело Чуби кој загинал возејќи мотор.

Ова предградие на Париз веќе четврта вечер е во оган, а демонстрантите се бесни поради втора несреќа со мотор со фатални последици за само еден месец. Демонстрантире палат се што ќе стигнат, а кон полицијата фрлаат со пиротехика.

Повеќе од десет лица се уапсени, а најмалку тројца полицајци се повредени.