Парада за Денот на независноста
Пред грчкиот претседател Карлос Папуљас и политичкото и военото раководство, странски дипломати и воени аташеа, во Атина се одржа воена парада по повод националниот празник на земјата – Денот на независноста на Грција.
По централниот плоштад “Синтагма” поминаа тенкови, оклопни транспортери и единици од претседателската гарда, копнената и поморската флота, а се демонстрирани и новините во воената техника на вооружените сили.
Претходно, по повод 186-годишнината од национално ослободителната војна, Папуљас присуствуваше на утрински молебен и положи венец на споменикот на Незнајниот јунак, пренесува МИА.