x

Парагвај преживеа во Буенос Аирес, ВАР му поништи гол на Меси (ВИДЕО)

argentina-messi

Натпреварот од третото коло на квалификациите за Светското првенство меѓу Аргентина и Парагвај одигран утринава заврши без победник, 1:1. Аргентина доминираше во сите 90 минут, упати скоро трипати повеќе удари кон голот на ривалот, но не можеше да стигне до третата последователна победа во квалификациите.

Парагвај поведе во 21-та минута со голот на Анхел Ромеро од белата точка. Домашните напаѓаа во продолжението со цел да израмнат, па до гол стигнаа во 41. минута. Николас Гонзалес, по корнер, ја смести топката со глава во противничкиот гол.

Аргентина имаше уште една добра шанса до крајот на полувремето, но Родриго де Пол не беше прецизен.

Избраниците на Лионел Скалони се радуваа во 58. минута кога Лионел Меси постигна гол за пресврт, но по консултација со ВАР, судијата одлучи да го поништи голот на играчот на Барселона.

Поништениот гол на Меси:

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата