x

ПАПУ ГОМЕЗ: Се почна со мечот Аталанта-Валенсија и 45.000 луѓе на трибините на Сан Сиро…

Аргентинскиот фудбалер се отвори во онлајн интервју за аргентинскиот медиум „Оле“, потенцирајќи дека натпреварот против Валенсија на „Сан Сиро“ има огромна улога за последиците со кои се соочува Бергамо како град во овие тешки времиња. Во Италија мислат дека токму тој меч од ЛШ бил „биолошка бомба“ поради која последиците се чувствуваат денеска.

Mислам дека драматчната ситуација во Бергамо во голема мерка започна поради мечот со Валенсија. Бергамо има 120.000 жители, а на Сан Сиро таа вечер имаше 45.000 луѓе. Кога отидовме во Валенсија на реваншот, сите беа опуштени, немаше никакви прегледи. Некој на теренот на Сан Сиро таа вечер имаше заразен. Се зарази и еден играч на Валенсија против кого игравме. А, сега Шпанија се втора земја во Европа по број на заразени.  Ги чекаме резултатите да видиме дали има некој и од нас што е заразен, засега никој нема симптоми“, вели Гомез.

Не го сфативме сериозно вирусот. Всушност не знаевме за што се работи. Не бевме информирани. Помисливме дека е само обична настинка поради што можеме да продолжиме со нормалниот живот. Не бевме сфесни колку е опасен“, додаде Аргентинецот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата