x

Папу Гомез на 33 години го прави трансферот на кариерата и се сели во Милано

gomez-e1593764512472

Играчот на Аталанта, Папу Гомез е далеку од плановите за тимот оваа сезона. Италијанските медиуми дури шпекулираат дека има несогласувања со тренерот Џан Пјеро Гасперини, со што е блиску до заминување.

Иако во февруари ќе наполни 33 години, сепак, месец порано Гомез може да го направи трансферот на кариерата и да се пресели во Интер.

И покрај тоа што во опција беше МЛС Лигата, сепак, се чини Гомез нема да замине далеку од Бергамо.

Дека Интер е сериозно заинтересиран за Гомез, покажува информацијата дека е подготтвен да го трампа Кристијан Ериксен, кој дефинитивно не се снајде на „Сан Сиро“. Во опција е и позајмица за позајмица, па да се види како ќе се одвиваат работите.

Инаку ако дојде до трансфер, голем проблем е платата на Данецот, кој заработува 7,5 милиони евра по сезона во Интер. Аталанта не може да си ја дозволи таа сума за плата за еден играч.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата