Папата Франциско напиша „план за воскресение“, повикувајќи на обединети напори за прекинување на војните и за заедничка грижа за планетата, како и за сиромашните.

„Дали ќе продолжиме да ги вртиме главите и да бидеме тивки учесници пред војните водени од желбата за доминација и моќ?“, напиша Папата во написот под наслов „План за воскресение“, објавен во шпанското католичко списание „Вида Нуева“.

„Дали ние, како меѓународна заедница, ќе ги донесеме потребните мерки за да престанеме со уништувањето на животната средина или ќе продолжиме да ги негираме доказите?“ праша Папата Франциско.

Во својот план, папата пишува дека пандемијата ја разоткрила кршливоста од која сите сме создадени.

„Границите паѓаат, ѕидовите се рушат и сите фундаменталистички дискурси се топат пред лицето на речиси незабележливата присустност“, напиша Папата и додаде:

„Се надевам дека ќе ги најдеме антителата што ни се потребни за правда, добрината и солидарноста“.

извор: Makfax