Словенечкиот претседател Јанез Дрновшек изјави дека Папата Бенедикт 16 згрешил, затоа што ги поврзал исламот и насилството, оправдувајќи ги острите реакции на муслиманите на неговата изјава. “Папата Бенедикт ЏВИ правилно предупреди на евентуални врски меѓу религијата и насилството, но беше погрешно што исламот го употреби како единствен примерè, истакнува Дрновшек. Во меѓувреме, Папата пред илјадници верници во Ватикан уште еднаш изјави дека незадоволството на муслиманите низ светот поради неговиот говор во Германија е резултат на “несреќно недоразбирањеè.