x

ПАО го доби европскиот првак, Ефес рутински со Химки

Кошаркарите на Панатинаикос остварија голема победа на гостувањето кај европскиот шампион ЦСКА (М) во меч од 17. коло на Евролигата совладувајќи го рускиот тим со 106:102 по едно продолжение.

Домашните имаа победа в рака, затоашто вос амиот финиш на регуларниот дел имаа предност од 5 поени (89:84), но дозволија во последните две минути гостите да се изборат за израмнување и дополнителни 5 минути. Во нив, Грците беа подобри, поснаодливи и на крајот дојдоа до десеттата сезонска победа. Најефикасен на мечот беше Мајк Џејмс од ЦСКА со 30 поени, додека кај гостите одлично издание имаа Митроглу со 25 и Калатес со 22 поени.

Во Турција, пак, во вториот вечерен дуел, Анадолу Ефес рутински ја доби средбата со Химки. Иако на стартот имаше израмнета битка, во вториот дел Турците доминираа. На крајот славеа со 101:82 во меч во кој Плајс и Паркин постигнаа по 20 поени во победата на домашните.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата