Панчо, или едната половина од двоецот ДНК, објави емотивен статус со кој вели не сака да собира поени, да прави публицитет и да го тапкаат по рамо, туку сака да го подели она што го има и да помогне некому. Браво за Панчо, а еве го неговиот фејсбук-статус во целост:  

– Здраво на сите мои фБ пријатели.
Како што знаете живеам во Скопје.
Знам дека ситуацијата за многумина семејства е многу тешка, поготово овој и наредниот месец кога ќе ескалира. Ако не работите нормално е да немате никаков прилив и финансиски средства, а со тоа и да немате како да купите основни намирници за дома. Ве замолувам, да не се срамите и да одите со празен стомак на спиење вие или не дај боже вашите деца. Предност нек имаат самохраните родители .
Ве замолувам и велам да не се срамите и слободно да ми пишете во инбокс. Некогаш и јас сум барал, а во тоа нема ништо срамно. Срамно е да крадеш, лажеш и манипулираш со луѓе. Да не се сфатиме погрешно, и јас сум затекнат од целата ситуација и моите примања се комплетно скратени но тоа малку што го имам би сакал да го поделам се некој од вас кому навистина му е потребно и во моментов е спречен за да го донесе на својата трпеза. Едноставно така сум воспитан и тоа ми е оставено како вид аманет од мајка ми и со особено задоволство ќе го продолжам.
Поени, публицитет и тапшање по рамо не ми е потребно едноставно сакам да помогнам, а со ова да поттикнам и други луѓе, семејства кои имаат малку повеќе од она што им е потребно и да дадат на оние кои им е навистина потребно за да ја пребродат кризава. Јас лично ќе се потрудам да помогнам во рамките на моите можности и буџет за да им дадам она што е основно и без што не можат во моментов. Се надевам дека нема да биде злоупотребувано и помошта ќе заврши на вистинското место. Исто сакам да упатам апел до моите пријатели кои се во можност да одделат малку храна од нивната трпеза, домашна кошничка и слободно да го споделат постот и да подадат рака на нашите сограѓани кои во моментов тоа им е најпотребно.
Ова ќе помине како што дојде, а наше е да останеме ЛУЃЕ покрај се и да бидеме сплотени и обединети кога највеќе ни е потребно, а тоа е овој момент и СЕГА.
Имајте среќни велигденски празници, чувајте се и господ нека е со вас ❤️

Ваш Панчо ?