Вечерва прв пат после неколкумесечна пауза заради корона кризата Панчо го има својот прв настап, односно ќе биде задолжен за музиката во едно штипско кафуле. И тоа не е веста! Веста на денот, неделата или месецот е дека тој дел од парите за настапот реши да ги донира. 

– Ова ќе биде мој прв прилив на финансиски средства од почетокот на оваа пандемија и сум благодарен за тоа, но, исто така, осеќам општествена одговорност и грижа кон оние луѓе и семејства кои се најпогодени од целата ситуација, па решив дел од хонорарот да го поделам со две семејства на кои навистина им е потребно. Ќе издвојам 6.000 денари односно по 3.000 ден од семејство кои верувам дека ќе им покрие бар мал дел од финансиската дупка дали за сметки или јадење не е важно, најбитно е дека ќе се најдат во ова кризно време ?, вели Панчо.