x

Панчев: Мојата најголема грешка е што заминав во Интер!

Во интервју за познатиот фудбалски портал GOAL.COM, Дарко Панчев, најдобриот фудбалер на Македонија за минатиот век, посочи кога ја направил најголемата грешка во својата кариера. И дека истата многу го чинела.

“Мојата најголема грешка беше што заминав во таа 1992 година во Интер. Замина во тим во кој што имаше лоша атмосфера, и тим кој што играше дефанзивен фудбал. Како странски фудбалер, бев без поддршка, сите некако чудно ме гледаа, и имав проблем да се адаптирам. Секако дека грешката беше моја, имав понуди од Реал Мадрид, Барселона, Манчестер Јунајтед, и уште неколку големи европски клубови, но јас тогаш од Ц. Звезда направив трансфер во Италија, во Интер, и погрешив“ изјавил “Кобрата“. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата