x

Панчев за Ц. Ѕвезда 1991 или Хрватска 2018? Лесно би ги победиле Модриќ и компанија!

Иако не е достапен за македонските медиуми, сепак на просторите во екс – СФРЈ секој негов збор наидува на коментари. Позната е „епизодата“ со Модриќ, таа изјава не беше добро примена таму, но Дарко Панчев, еден од најдобрите фудблери во историјата на овој дел од Европа, не го интересира тоа.

Па така на прашањето од еден медиум во Србија за тоа што мисли Панчев за тоа кој е подобар, Ц.Ѕвезда од 1991 кога беше европски и светски првак, или пак Хрватска од 2018 кога беше светски вицешампион, тој истакна.

„Се разбира дека тоа е различно време, различни генерации, но сметам дека мојата Ц. Ѕвезда од тоа време без никакви прпблеми лесно би ја победила Хрватска. И тоа во било кое време на било кој терен“ самоуверен е „Кобрата“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата