Нови жаришта на вирусот КОВИД-19 избувнаа на северот на Италија откако тинејџерите се вратија од Хрватска, каде што беа на матурска екскурзија.

Италија е опкружена со земји кои бележат пораст на бројот на случаи позитивни за „Kовид-19“, како Франција, Шпанија и балканските земји, пренесува италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Земјите кои сметаат дека се во подобра ситуација како Норвешка, Финска, Грција, Португалија и, за сега, Италија, стравуваат дека „увезуваат“ случаи од критични земји како Франција и Шпанија, но и Белгија и Луксембург, а особено во Хрватска, се наведува во статијата.

Како што е наведено, епидемиолошката крива нагло расте на Балканот и бројот на заразени на 100.000 жители во последните две недели во Србија е 65.9, во Црна Гора 163, во Босна и Херцеговина 130, во Македонија 88, во Бугарија 43 и во Романија 93, 9.

Во Италија денеска се регистрирани 430 нови сллучаи. Од почетокот на пандемјата заразени се 250,566 од кои 35,205 ги загубија своите животи.