x

Паника во Италија: Газдата на Наполи се јавил на газдата на Јувентус

de-laurentis-e1592431163585

Добро е познато дека во Серија А се врати коронавирусот. Во таборот на Џенова за кого настапува капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев бројот на позитивни фудбалери е голем. Ковид-19 се прошири и во Наполи на Елиф Елмас, по дуелот токму со Џенова.

По вторите тестирања еден фудбалер и член на стручниот штаб беа позитивни, а пред новото трето тестирање, газдата на Наполи, де Лаурентис му се јавил на првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, побарал да биде одложен мечот во Торино.

Де Лаурентис смета дека е голем ризик да се патува за Торино во време кога неговиот тим е под удар на нов бран на коронавирус. Засега италијанските медиуми не открија каков одговор добил од Торино.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата