x

Пане Блажевски седнува на клупата на Тиквеш, во “игра“ е и Дарко Крстески!

pane-blazevski

По заминувањето на Раде Цицмиловиќ, веќе неколку недели клупата на Тиквеш остана празна. Последните мечеви во Втората лига – Исток тимот го водеа луѓе од клубот, помошни тренери пред се. Но сега и дефинитивно е јасно дека кавадаречкиот второлигаш, кој и оваа сезона по се изгледа само ќе го сонува пласманот во елитата, мора да назначи шеф на струката.

Како што неофицијално дознаваме, еден од најсериозните кандидати за прв тренер е Пане Блажевски. Наш познат стратег кој во минатот бил стратег на неколку наши прволигашки и второлигашки екипи.

Како еден од кандидатите да биде тренер на Тиквеш се споменува и Дарко Крстески, кој сега ја води Победа, претходно беше и во Пелистер.Да се потсетиме дека пред неколку години прилепчанецот беше во Тиквеш, но поради една грешка со измените, правилото со младинец, клубот тогаш беше казнет бодовно, Крстески мораше да си оди од Кавадарци.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата