Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ пред Министерството за правда рече дека ние живееме во земја каде како Македонци треба да се објаснуваме со соседите дека сме Македонци, дека нашите предци говореле македонски, дека имаме сопствена автентична историја.

Ние сме едиствена земја во која оваа багра на Заев, заедно со Димитров,  сега зајакнати со Бучковски ни се преговарачи со Бугарија. Може да замислете каков би бил исходот.  На сите им се јасни ставовите на Заев, Димитров, Бучковски. Тоа се луѓе кои за лични причини би продале се. Тоа се луѓе чии ставови се многу поблиски до ставовте на Каракачанов, Захариева, Борисов, рече Пандов.

Тој посочи дека токму поради овие причини народот е пред е на улиците, тука пред Министерство за правда, пред МНР, пред Влада, и додаде „ќе не има и во 20 градови.

Ве повикувам до паѓањето на оваа хунта, до паѓањето на Заев да не се повлекуваме од улиците. И на Заев му е јасно дека крајот му се ближи, кажа Пандов.

Пандов со апел да не се дозволи еден ден кога ќе се разбудиме да ја нема Македонија, а ние да не бидеме Македонци.