x

Пандемијата сериозно му се заканува на Светскиот Куп

skijanje

Според последните анализи, предвидувања, и прогнози, Светскиот куп во скијање ќе има големи проблеми со пандемијата од коронавирусот, и можно е огромен број на трки да бидат откажани пред се оние во Италија.

Според анализите на реномираниот новинар, и сериозен авторитет во ски-спортот Андреас Вајлдер, трките во Кортина односно Вал Гардена има многу голема веројатност да не се одржат.

Тој смета дека изминатиот период населението во тој дел многу некоректно се однесувало по ова прашање и повторно создало кластери на коронавирус, што секако е огромен проблем, во така мали средини да се појават одеднаш неколку илјади спортисти, тренери, организатори, навивачи.

На ова се надоврзува и ски легендата Марко Бухел кој рече дека ситуацијата е проблематична не само во Италија туку и во другите држави па затоа се под знак прашалник не само треките во Кортина односно Вал Гардена туку сите трки комплетно.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата