Саманта Дикен, мајка на осумгодишно девојче, најде писмото во собата на нејзината ќерка, и сфаќати колку далеку отишло се, па реши да го сподели на социјалните мрежи

Пандемија го запре светот, крајот за жал е сè уште на повидок, а колку далеку отиде сè, покажува потегот на едно мало девојче од Австралија кое има само една желба за новогодишните и божиќните празници.

Таа го објави во групата „Семејни совети и идеи“, а објавата стана вирална.

„Драг Дедо Мраз, оваа година за Божиќ само сакам светот да се врати на стариот пат. Не знам дали можеш да го исполниш, но ако може ќе биде убаво. Не ми пречи ако не добијам подароци, имам се што ми треба. Ви благодарам“, гласеше писмото.

Допрена од желбата на нејзината ќерка, таа ги праша другите родители како пандемијата влијае на нивните деца.

„Само Дедо Мраз би можел да ја исполни твојата желба“, додаде Саманта, по што корисниците на оваа група напишаа дека тие исто така биле тажни од ова писмо, па дури и се расплакале.

„Колку е несебична“, заклучи една личност.