Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев кој со голот против Грузија го однесе националниот тим на Европското Првенство изјави дека играл многу големи натпераври, но никогаш не бил среќен како денес.

„Многу сум среќен, сум играл многу големи натпревари во кариерата, но сега сум многу среќен. Мислам дека моето искуство му помогна на тимот да го оствариме овој успех“, рече Пандев по мечот.

Пандев со Интер стана европски и светски првак, но настапот со Македонија на ЕП ќе му биде круна во кариерата.

извор: Makfax