x

Пандев: Се јави Мурињо, праша за Шкендија!

pandev-so-murinjo

***„Му кажав дека тимот од Тетово е клуб за респект и дека е на слично па и подобро ниво од Локомотив Пловдив. Да внимава на Дориев, Ибраими и Аалими“, се препораките на Пандев***

Мурињо утре е во Скопје! Тотенхем игра со Шкендија во третото квалификациско коло а познатиот стратег има само еден пријател од земјава. Пријател и негов Херој од пред 10 години кога беа заедно во Интер и освоија се што може да се освои. Секако Горан Пандев!

„Да, да… се јави“, ни изјави Пандев по телефионскиот разговор со СПОРТМЕДИА.

„Прво честиташе за голот. Вика убав гол, секоја чест а потоа одма премина на главното за тоа и што се јави – за Шкеднија“, додава Пандев кој токму по иницијатива на Мурињо во јануари 2010 година од Лацио замина во Интер.

„Му кажав дека Шкендија е организиран тим, клуб кој заслужува респект. Не знаеше дека играат на истиот терен на кој играше со Манчестер Јунајтед пред 3 години. Му реков дека теренот е лош, дека Шкендија е на исто ниво, а можеби и за нијанса подобра од Локомотив Пловдив. Тотенхем сакале да дојдат на денот на натпреварот, но не им дозволиле. Мурињо е фокусиран на играта на тимот и настапите ви Премиер-лигата. Сакаат да бидат во Топ 4, но сакаат и групна фаза во Лигата на Европа. На прашањето кои се најдобрите играчи на Шкендија му кажав Дориев, Ибраими, Алими…“, открива Пандев за разговорот со Мурињо во неделата. Добро е кога ќе се тргне со гол, Џенова е посилна од лани.

Разговорот со Пандев го искористивме и за негов став за стартот на новата сезона во Серија А. Негова 17-та во шампионатот на Италија, капитен и веднаш феноменален гол.

„Добро е кога ќе се почне една сезона со победа, со гол… Тоа е одлично за самодовреба пред преостанатите посилни дуели. Џенова сега е посилна од лани. Дојдоа Пјаца, Зајц, Бадељ, Запакоста… Ќе има успет 2-3 добри засилувања. Да не биде како лани да се тресеме до крај за опстанокот во лигата. Мојата цел оваа сезона е да постигнам барем уште 5 гола, да стигнам до магичната бројка од 100 голови во Серија А. Добро е за почеток… Само здравје иако фокусиран сум на Косово и дуелот на 8 октомври во Скопје. Муричи не им игра, тоа е добро но најважни сме ние. Нашите играчи да се здрави и подготвени. Ако биде така не треба да се грижиме“, напомена нашиот капитен, нашиот феномен кој и со 37 години гази на фудбалските терени.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата