Херојот на репрезентацијата Горан Пандев, кој со својот гол ја однесе Македонија на Европско првенство, истакна дека е пресреќен поради овој голем, историски успех за нашата земја.
„Ова е крајно емотивен момент за мене и за целата репрезентација. Пресреќен сум, одигравме одличен натпревар. Пласманот на ЕП е остварување на сонот за сите нас. Сакав само да им помогнам на моите момци, ова е фантастична група на играчи кои го заслужуваат ова. Како најискусен кој има многу важни натпревари во репрезентацијата седнав и ги советував. Да играме мирно, да не влеземе во еуфорија, и на крајот така беше. Во вториот дел бевме одлични“, рече Пандев.