x

Пандев нема да биде во тимот на Џенова за утрешниот дуел со Милан

pandev

Џенова ќе биде без нашиот капитен Горан Пандев за утрешниот меч со Милан во рамките на 12. коло од италијанската Серија А. Според послендите информации, Пандев се пожалил на болки во грбот и нема да му се стави на располагање на тренерот Маран.

Џенова годинава почна лошо и секој нареден меч ќе биде од исклучително значење во битката за опстанок во елитата. Утре на гости им доаѓа лидерот и досега непоразениот состав на Милан.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата