x

Пандев: Мора да ја искористиме оваа шанса и да се пласираме на ЕП

pandev-i-ristovski-1-e1602240009151

Нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев ќе ја предводи репрезентацијата на Македонија на најважниот натпревар, дуелот со Грузија во финалето на Лигата на нациите. Победата значи пласман на ЕП, но мечот се игра во Тбилиси каде што нема да биде лесно и ќе мора да се даде и повеќе од 100% за да се оствари мисијата. Пандев зборуваше за почетоците, за очекувањата и за атмосферата во националниот тим пред овој важен натпревар.

Кога почнав да играм фудбал, прва цел ми беше да настапам во нашиот свет дрес – дресот на македонската репрезентација. Овој сон ми се оствари, играм повеќе од 20 години во репрезентацијата и стигнавме до нешто неверојатно – стигнавме до најважниот натпревар не само во мојата кариера, туку и за цела држава. Се надевам дека и ние конечно ќе се израдуваме, мојот сон да заиграм на ЕП ќе се оствари и затоа со нетпрение го чекам овој натпревар. Одиграв многу натпревари и финалиња, но настапите за репрезентацијата се нешто посебно за мене. Сигурно дека постои трема, меѓутоа тоа е нормално затоа што знаеме за што играме и знаеме што нѐ очекува. Но доволно сме искусни и спремни за овој натпревар, и како што кажав со нетрпение го очекуваме. Ќе го дадеме максимумот и знаеме дека е фудбал и дека можат да се случат многу работи, меѓутоа оптимист сум и мислам дека на крајот ќе се радуваме. Би било фантастично да се пласираме на ЕП, така сите ќе ја запознаат нашата земја и ќе разберат дека и кај нас има квалитетни фудбалери. “, изјави Пандев.

Се направи една репрезентација од младост и искуство и се направи една хемија која, да бидам искрен, ја немаше претходно. Сите дишеме заедно, сите сме како една фамилија и жално ќе биде да не ја искористиме оваа шанса и да не се пласираме на ова ЕП. Треба да излеземе и да дадеме се од себе, да играме мирно, да играме како што ќе се договориме, воиграни сме и нема да имаме проблем“, вели нашиот капитен кој се присети и на минатото кога беше испраќан со свирежи и трпел навреди, па размислувал и да се откаже.

Имаше и тешки периоди во репрезентацијата. Во еден момент се тргнав од националниот тим. Имаше многу проблеми во репрезентацијата, често менување на играчи, лоши резултати…. Јас сум во репрезентацијата долго време, се сменија преку 100 играчи додека јас сум овде, ни никогаш ја немало таа хемија како што ја има сега. Селекторот Ангеловски направи одлична работа, направи атмосфера и создаде една врска која  функционира“, додаде Пандев.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата