x

Пандев: Десет гола и спас на Џенова ќе биде идеално

pandev-radost

Горан Пандев е главниот лидер во редовите на Џенова во битката за опстанок во Серија А. Најдобриот македонски фудбалер вечерва и гостуваат на Сампдорија во рамките на 35. коло, пред кое имаат четири бода предност пред Лече, кој се наоѓа во опасната зона.

Пандев е во одлична форма, еден гол го дели од десет погодоци оваа сезона, до оваа бројка може да дојде уште вечерва. Вели дека ќе биде пресреќен доколку успее, но од друга страна на прво место никогаш не му била бројката на погодоци.

„Головите никогаш не ми биле најважни во кариерата, но признавам дека десет гола и спас на Џенова е остварување на сонот“, изјави Пандев пред денешната средба и додаде:

„Имаме уште многу за играње, не смееме да се опуштиме. Сакаме токму на оваа средба да ја покажеме вредноста на нашиот тим, триумфот ќе биде голем за нас и за нашите фанови“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата