x

Пандев во 17-тата сезона во Серија А влегува како капитен на Џенова!

pandev-kapiten

Само што започна мечот од 1. коло во Серија А меѓу Џенова и Кротоне. Горан Пандев не само што е стартер, туку е и капитен на Џенова. Ова за него ќе биде 445. натпревар во Серија А, а ќе го “брка“ својот 95-ти гол во една од најсилните лиги во светот.

Инаку за ГРАНДЕ ПАНДЕВ ова е 17-та сезона во Серија А, веројатно и последна со оглед на годините.

Му посакуваме гол не само на овој натпревар, туку што повеќе во цела сезона, и секако во најмала рака да ја достигне и надмине бројката од 100 голови во Калчото.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата