x

Пандев: Во овие тешки времиња да се обединеме сите, остана уште еден чекор до сонот

letonija-makedonija-3-pandev

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев заедно со своите соиграчи се на чекор до остварување на сонот – пласман на едно големо натпреварување. Оваа сонот на сите генерации, ова е сонот на целата нација, сите сакаме да ја видиме Македонија на ЕП следната година.

До мечот со Грузија останува уште малку, а нашиот најдобар фудбалер испрати емотивна порака преку својот „Инстаграм“ профил.

„113 натпревари, повеќе од 19 години носење на овој свет дрес, многу порази, победи, радости, понижувања, многу убави и лоши работи поминав со тебе Македонија. Остана уште еден чекор до остварувањето на мојот сон, до остварување на сонот на моите колеги, на мојата фамилија, на цела НАЦИЈА. Во овие тешки времиња да се обединиме сите заедно и да се обидеме сонот да ни стане реалност. ЕДЕН за СИТЕ, СИТЕ за ЕДЕН…Да живее Македонија“.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата