x

“Пандевци“ со тројка го “поздравија“ Осогово, гол и на Серафимов…

Академија Пандев со убедливи 3:0 го победија второлигашот Осогово, во пријателски меч кој се одигра доцна попладнево на теренот на комплексот “Горан Пандев“ во Струмица. Како и што се очекуваше, домашните беа далеку поквалитетен противник, создадоа повеќе шанси а постигнаа “само“ три гола. Стрелци на головите беа Велиновски во 12., потоа Серафимов во 50. за кого ова беше прв натпревар во дресот на “пандевци“, додека третиот гол беше дело на офанзивецот Мишов и тоа во 85. минута.

Се на се добра партија, како за прв меч, за момците на тренерот Александар Таневски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата