x

„Пандевци“ одиграа 0:0 со Балтика, настапи и Дориев

Во првиот пријателски меч во Анталија, денеска Академија Пандев ремизираше со резултат 0:0 против руската Балтика. Солидно, борбено издание на струмичкиот тим, чии играчи немаа премногу време за аклиматизација, ако се знае дека вчера во вечерните часови пристигнаа во Анталија.

Пандевци можат да жалат што не победија бидејќи имаа четири убави шанси, по една Пандев и Мујеци и две Крстовски. Инаку според информациите што ни пристигнаа од Анталија, Пандевци се пожалија на острата игра на руската екипа.

Инаку добра вест за стратегот Југослав Тренчовски е што на овој натпревар своја минутажа доби рековалесцентот Љупче Дориев, најдобриот фудбалер на Академија Пандев и репрезентативец. Второто полувреме од овој натпревар го гледаше и селекторот Игор Ангеловски.

AKAДЕМИЈА: Чубраковиќ, Гранчов, Костов, Цикарски, Јованов, Тимовски, Стојковски, Миловановиќ, Пандев, Мујеци, Танушев. Играа уште: Крстовски, Илиев, Димов, Донов, Талаков, Костовски, Глигоров, Муканов, Е.Парталко.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата