x

“Пандевци“ ги промовираа Маркоски и Трапановски!

nono

Она што го највивме уште пред неколку денови, сега е и официјално. Репрезентативецот Кире Маркоски и членот на нашата млада селекција Кристијан Трапановски се новите засилувања во редовите на Академија Пандев. И двајцата се офанзивци, односно крилни напаѓачи, и двајцата ќе бидат супер засилувања за тимот од Струмица.

Маркоски (25) доаѓа од редовите на Чешката Карвина, има играно и за Спартак Трнава, АЕЛ Лимасол, Работнички, Македонија ЃП.

Трапановски (20) пак е повратник во тимот на Академија Пандев. Тој е првиот играч на “пандевци“ со трансфер надвор од Македонија. Беше член на Славија Прага, Татран Прешов, Викторија Жижков и Подбрезова.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата