Памела бара Англичанец за љубовник
Најпопуларната силиконска русокоса на светот, неодамна изјави дека по прекинувањето на врската со пејачот Кид Рок повеќе време ќе им посвети на синовите, ама очигледно не може долго да издржи без секс. Памела на новинарите им откри дека пријателките ја советуваат за нов љубовник да избере Англичанец и да тргне по стапките на Мадона и Гвинет Палтроу, кои на островот ги пронашле своите сопруги. Памела “стручно” објаснува дека ќе има голем избор бидејќи со европската интеграција и отворањето на границите во Англија се доселиле многу згодни латино љубовници од Шпанија и Италија, поради што домашните момци се потешко наоѓаат девојки. Нејзиното пристигнување во Англија најмногу ќе ги израдува таблоидите, бидејќи бремената Џордан моментално може само да го покажува стомакот, додека Аби Титмус заглави во риалити шоуто на островот Фуџи.