Пратеникот на државниот секретар на САД за западен Балкан, Метју Палмер во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е приоритет на американската надворешна политика и дека Вашингтон сака земјите од регионот да гледаат во САД и ЕУ како на „партнери кои сами ги избрале“.

Тој вели дека САД сакаат Западен Балкан да стане дел од фамилијата европски земји и дека за таа цел вложуваат значаен политички и друг капитал.

„Мислам дека за сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија и ќе направиме се тоа јасно да им го кажеме на лидерите и на граѓаните во регионот“, рече Палмер.

извор: Makfax