Палестински напаѓач бил застрелан денеска откако со камион удрил во израелски полицаец на контролен пункт на Западниот Брег, а потоа го прободел со ножици, соопшти израелската полицијата, пренесува РФИ.

„Терористот се залета со своето возило во граничниот полицаец што беше на должност“, рече полицискиот портпарол Мики Розенфелд во изјавата на англиски јазик.

Напаѓачот потоа скокнал од своето возило и го прободел полицискиот службеник со ножици. Другите полицајци на местото на настанот отвориле оган и терористот бил застрелан и убиен.

Повредениот полицаец е однесен во болница, но не е во животна опасност, соопшти полицијата.

Фотографија на возилото на напаѓачот објавено од полицијата покажува комбе со палестински регистарски таблички.

Нападот се случил меѓу населбата Маале Адумим на еврејскиот Западен Брег на и палестинската населба Абу Дис, во предградието на источен Ерусалим.

извор: Makfax