Палестинскиот лидер Махмуд Абас ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност на ОН за да достави резолуција против планот, предложен од САД за помирување на Блискиот Исток, наречен „договор на векот“, пренесува ТАСС.

„Ние ќе ги продолжиме консултациите. Тие ќе кулминираат со посетата на претседателот Абас во следните две недели на СБ, во која тој ќе ја претстави пред целата меѓународна заедница реакцијата на палестинскиот народ и на палестинското раководство на овој напад врз националните права на палестинскиот народ од страна на администрацијата на Трамп “, рече Ријад Мансур.

„Ќе се консултираме со сите“, додаде палестинскиот дипломат. „Се надевам, до тоа време ќе имаме договор за текстот што Советот за безбедност ќе го гласа“.

Резолуцијата ќе биде поднесена пред Советот за безбедност на ОН во соработка со Тунис, кој во моментов е непостојан член на телото на ОН. Мансур ја опиша американската иницијатива како спротивна на мирот, што ќе му овозможи на Израел да анектира 40 отсто од палестинската територија.

извор: Makfax