На сите во некој момент ни треба брзо решение што ќе ни помогне да симнеме неколку килограми. Најдобри резултати даваат решенијата што му годат на стомакот, а токму такво е палентата.

Сложените јаглени хидрати во комбинација со влакната од палентата долго се варат, па подолго ќе ве држат сити, а притоа го стимулираат доброто варење и спречуваат запек, кој е честа последица на брзите диети.

Од друга страна, диетата со палента што трае 4 дена ќе му ги обезбеди на вашето тело неопходните витамини и минерали, ќе ви ги прочисти цревата и ќе ви го забрза метаболизмот. Исто така, палентата ќе ви помогне да го намалите холестеролот во крвта.

Прв ден
400 грама палента, 1 краставица, 1 домат, 1 јаболко, 2 литри вода

Втор ден
Дуплирајте го менито од првиот ден.

Трет ден
400 грама палента, салата од 300 грама зелена салата, 200 грама свежа зелка, 2 моркова, малку лимонов сок и 1 лажичка маслиново масло, 2 литри вода, 3 шолји зелен чај без шеќер.

Четврти ден

Дуплирајте го менито од третиот ден.

НАЧИН НА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ПАЛЕНТАТА:

За да ви помогне палентата во слабеењето, мора да ја зготвите без млеко, шеќер или путер.

Состојки:

  • 50 грама палента
  • 200 милилитри вода
  • половина лажичка маслиново масло

Приготвување: Измијте ја живата палента со чиста вода. Сипете 200 милилитри вода во тенџере и многу малку посолете. Оставете да зоврие, па додајте ја палентата. Гответе ја на ниска температура 15-20 минути. Кога ќе се свари, додајте маслиново масло и промешајте.

Додека сте на оваа диета, пијте многу вода и јадете мали порции кога ќе почувствувате глад.