Најголемото криптовалута на светот, биткоинот, бележи огромен пад, како резултат на тековните случувања на нафтениот пазар. Валутата изгуби десет проценти од вредноста во последните 24 часа, пренесува Капитал.ба.

Другите криптовалути, како што се етериум и биткоин кеш, исто така потонаа, што доведува до загуба од 26,43 милијарди американски долари на пазарот за криптовалути.

Падот на криптовалутите е предизвикан од наглиот пад на нафтениот пазар, што доведе до најниски индекси од 1991 година.

извор: Makfax