Необично топлата есен заврши, а веќе температурите значително се намалија низ целиот Балкан. Првата снежна покривка падна во Хрватска, во Горски Котор, како и во Карловац и Дуга Реса. Снег врнеше и во Словенија и Босна и Херцеговина.

Според прогнозите на страницата за временска прогноза Accuweather, нема ниту ние многу да чекаме да падне првиот снег. Метеоролозите предвидуваат дека во Македонија првиот снежен дожд ќе падне на 26 ноември.