Жените ги остава без здив каде и да се појави, а еве што тој мисли за сето тоа.

Еден од најуспешните глумци, Милош Биковиќ. со своите улоги успеал да привлече големо внимание и популарност, не само во Србија, туку и во Русија. Благодарение на својот глумечки талент, но шармантниот изглед, Биковиќ е миленик на милиони жени во Србија, Русија но и пошироко.

Исто така не е тајна ни тоа дека триесетдвегодишниот драмски уметник важи за еден од најпосакувани мажи од јавна сцена.

Во интервју за руски портал Вумен. ру. меѓу другото, одговорил и на прашање “дали му прија таа титула за најсексипилен маж во Русија, која со години гордо ја носи.

– Тоа би било убаво признание кога не би живееле во свет во кој луѓето не се потпираат само на изгледот. Несакм многу да посветувам внимание на тоа. Не ми е целта акцентот на тоа дека сум уметник да се префрли на моето тело, лице и изглед. Ми се чини дека во нашето друштво тоа го има премногу – рекол Милош. 

– Многу се на Инстаграм, филтери, силикони. Сето тоа поединечно не е проблем, но голема мака е што луѓето денес се обидуваат да заменат за нешто што е површна и бесмислена за сметка на вистинска среќа, љубов и навистина важна вредност – додал Биковиќ.

Инаку, Милош моментално снима филм и серија “Кошара“ која ќе трае до почеток на декември 20202, а ќе се снима на многу локации во Србија, Црна Гора и Република Српска.