Пилотот и тројца патници на авионот „цесна“ 182А загинаа кога леталото се урна на локалниот аеродром во округот Емануел во американската сојузна држава Џорџија.
Еден од патниците преживеал и е пренесен во болница,пренесе Еј-Би-Си.

Авионот му припаѓал на падобрански центар и сите патници носеле падобрани кои не биле отворени кога дошла брзата помош на местото на несреќата.

Федералната воздухопловна агенција соопштила дека авионот паднал набрзо по полетувањето, во 14 часот по локално време. Се утврдува причината за падот на авионот.

извор: Makfax