Во Црна Гора се потврдени првите случаи на новиот коронавирус, рече премиерот Душко Марковиќ. Тој додаде дека нема простор за паника. Како што е објавено на Твитер на Владата на Црна Гора, потврдени се два случаи Ковид-19 во Црна Гора.

Премиерот Душко Марковиќ на прес-конференцијата објави дека заразените жени се родени во 1948 и 1973 година.

Пријавено е дека жените се од Подгорица и Улцињ.