Педесет и седумгодишен прилепчанец вчера го загубил животот во несреќен случај кога местејќи електрична инсталација паднал од скала висока неколку метри, соопшти локалната полиција.

Трагичниот настан се случил околу 14.45 часот во хала на фабриката “Резба” која се наоѓа на регионалниот пат кој ги поврзува Прилеп и Македонски Брод.

Стојан К., местејќи ја инсталацијата, во еден момент загубил рамнотежа и паднал од височина од околу три и пол метри. За жал тој паднал на главата и од тежината на повредите починал веднаш. Неговите колеги се обиделе да му помогнат и повикале екипа на Итната помош која единствено можела да констатира смрт кај прилепчанецот.