x

Паднаа рекорди во првиот дуел на Леброн и Зион

Во првото соочување меѓу Леброн Џејмс и Зион Вилијамсот, односно Л.А. Лејкерс и Њу Орлеанс (118:109) и двајцата урнаа неколку рекорди.

Леброн стана само четвртиот играч во историјата на Лејкерс кој постигнал најмалку 40 поени по натпревар откако наполни 35 години. Пред него се само Карем-Абдул Џабар, Елгин Бајлор и Коби Брајант.

Покрај тоа, Лејкерс имаа скор од 18-0 оваа сезона во натпреварите кога Леброн постигнува најмалку 30 поени, што е најдобриот учинок во историјата на НБА лигата.

Зион, пак, деветти меч во низа минува над 20 поени. Со тоа 19-годишниот кошаркар се изедначи со Кармело Ентони за најдолг низ на вакви игри, што се однесува до тинејџерите во НБА.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата