СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(20) од село Џепчиште, Тетовско, Г.Р.(24) и Б.Р.(25), двајцата од село Порој, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 22.12.2018 година на локалниот пат село Џепчиште – село Требош, Тетовско, полициски службеници извршиле преглед на лица и патничко возило, управувано од второпријавениот, а прво и третопријавениот биле сопатници, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Куманово, пак, поднесе кривична пријава против С.Л.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.04.2019 година во село Черкези, кумановско, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „Фолксваген Пасат Вариант“, при што пронашле и одзеле хероин.