Едно дванаесетгодишно девојче од местото Глува Буковица, кај Травник, цели две години било сексуално искористувано од локалниот оџа на часовите по веронаука, објави бањалучкиот весник “Фокус”. Девојчето и се доверило на мајка си објаснувајќи и дека “веќе не сака да оди на часови по веронаука, бидејќи оџата додека ја учи да се поклонува бара од неа да го држи за половиот орган”. Казните за ова кривично дело се многу мали, па затоа адвокатот ќе предложи и казни кастрирање на мажите кои имале контакти со деца. Исламската верска зааедница од Травник се противела на поднесувањето на обвинение, ставајќи се на страната на оџата, а не на страната на малолетната жртва.