Завчера попладне, конституирано е првото Собрание на независна Црна Гора за чиј прв човек е избран старо-новиот претседател, Ранко Кривокапиќ. Чин кој имаше добро осмислено сценарио, кое требаше да му даде историска димемнзија на настанот, но не испадна се така.
Неочкувано и без најава, српските пратеници не станаа при интонирањето на химната “Ој свијетла мајска зоро”. Во моментот никој не реагирше, но беше видлива “потемнета” атмосфера која траеше се до крајот на свеченета седница. По нејзиното завршување српските пратеници, кои веднаш станаа мета на новинарите, изјавија дека тоа било спонтано и дека ништо не е договорено. А, причината ја наоѓаа во нивните тврдења дека тоа не оригиналниот текст на песната “Ој свијетла…” и дека нејзиниот автор бил осведочен воен злосторник “пред кого Србите никогаш нема да стојат. Па затоа и таа песна не е нивна”.
На ова остро реагираа пратениците од партијата на Ѓукановиќ, а самиот Мило, гестот на опозицијата го оцени како “недостиг на политичка култура и недоволна одговорност кон државата Црна Гора и нејзините симболи”.

И ОФИЦИЈАЛНО
Мило нема да биде премиер!

Претседателот на Демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ, прексиноќа ги извести своите најблиски соработници, на седницата на Претседателството на странката, дека повеќе не сака да биде премиер. На седницата, за нов мандатар на владата го предложил министерот , Игор Лукшиќ. Претходно , Мило разговарал и со Светозар Маровиќ , кој исто така одбил да биде премиер, бидејќи сакал да се повлече од државни функции и да и се посвети на партиската работа.