Неколку автомобили се оштетени при вчерашната експлозија на паркиралиштето на канцелариите на ОБСЕ во Пеќ. Портпаролот на косовската полиција Авни Џевокај соопшти дека нема повредени лица при експлозијата што била предизвикана од рачна граната фрлена на паркингот на ОБСЕ во Пеќ. Тој потсети дека тоа е втор напад врз меѓународни организации во период од една седмица.