x

Очекувано: Се пролонгира стартот на АБА лигата!?

Поради катастрофалната епидемиолошка ситуација во регионот, се чини дека АБА лигата се одложува, односно стартот кој е закажан за 19 септември ќе биде пролонгиран за најмалку две недели. Ова ќе биде веројатната одлука на првите луѓе на лигата кои се во постојан контакт со клубовите. Да потсетиме дека во наредната сезона, Македонија би требало да има два претставника во АБА -2 лигата, која исто така како и елитната лига, би можела да биде пролонгирана.

Во овие услови јасно е дека кошарка едноставно не може да се игра, тоа на сите им е јасно.Поради пандемијата одложен е Супер купот на АБА лигата кој требаше да се одржи во Подгорица седум дена пред стартот на сезоната.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата