x

Очекувано, лесно, рутинирано…Работнички ја победи Беласица (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со 2:0, и со двата гола на Фахрудин Ѓурѓевиќ, Работнички успеа да ја победи Беласица во меч од 2.коло во ПМФЛ. Се чини дека “романтичарите“ и полесно од очекувањата победија, имаа шанси и за поубедлив триумф, но мора да бидат задоволни, важни се трите бода кои доаѓаат мелем на рана по оној несреќен пораз во 93.минута во Ѓорче минатата недела. Сега кај четата на стратегот Ратко Достаниќ полесно се дише, секако дека треба да се очекува да биде подобро кога тој ќе може да смета на Муарем и на Стојков.

За Беласица што да се каже? Против Силекс катастрофа, против Работнички очај, дали струмичани се главните кандидати за последното, 12-то место на табелата?

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата