x

Очекувано: Дуелот меѓу Металург и Висла е одложен

metalurg

Поради нов позитивен случај, на Ковид 19, Металург по враќањето од Тулус, мораше да биде ставен во 14 -дневна изолација.

Раководството на клубот, испрати барање до ЕХФ за одложување на мечот со Висла во ракмите од второто коло од Европската лига , закажан за 27. овој месец и очекувано доби позитивен одговор.

Терминот за одигривање на овој натпревар, ќе биде дополнително одреден.

Во овој момент Металург има два позитивни ракометари, и еден член на стручниот штаб, а според информациите од клубот сите се во добра здравствена состојба, и се под постојана лекарска контрола.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата