x

Очајот на рускиот клупски фудбал: 12 меча – 0 победи

lokomotiv-atletiko

И по 12 одиграни натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа, руските клубови се уште не оствариле ниту една победа. Ваков очаен настап, рускиот клупски фудбал не памети со години.

По вчерашните дуели од 3. коло во групната фаза во Лигата на Европа, ни ЦСКА (М) не успеа да ја оствари првата европска победа сезонава, откако на гостувањето во Холандија беше убедливо поразена од Феенорд. Слична судбина двата дена претходно во Лигата на шампионите имаа и Краснодар, Локомотов (М) и Зенит.

Зенит во ЛШ оваа сезона има едно реми и два порази и е убедливо на последното место во групата. Локомотив со две ремија и пораз е трет, Краснодар има како и Зенит едно реми и два порази, додека ЦСКА (М) во Лигата на Европа по три кола има две ремија и еден пораз. Вкупно шест нерешени натпревари и шест порази. Н

Ниту една друга земја која има четири или повеќе преставници во групите низ европските купови има барем по една победа во овие три кола. Ова само уште еднаш ја потврдува очајноста на рускиот клупски фудбал во Европа, без разлика што секоја година тамошните клубови инвестираат големи суми во засилувања.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата