Со почеток во 11 часот денес во Градскиот парк во Охрид, Локалната самоуправа ќе го одбележи 21 јуни Денот на Охридското Езеро.

Во рамки на настанот предвидена е презентација на нуркачка опрема, опрема за спасување на води и планини, а ќе биде поставена и изложба на фотографии со мотиви од Охрид и охридскиот регион.

Случувањето ќе биде завршено со културно- уметничка програма и свечен завет за зачувување на Охридското Езеро.